еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фетаи најави дека Заев ќе биде повикан да сведочи во случајот „Монструм“

Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, најави обвинителката Фатиме Фетаи.

На денешното рочиште за „Монструм“ беа доставени нови докази, односно транскрипти, кои ќе бидат објавени на наредното рочиште на 5 септември.

Еден од родителите на убиените момчиња на денешното рочиште побара појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на „заштитените мечки“, односно оние разговори кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство. Тој се повика и на ветувањето на Заев, дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви.

Кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и предметот беше вратен на повторно судење.

Фото: a1on.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се дознае ли некогаш вистината: Седум години од петкратното убиство кај Смилковско езеро

Редакција

Од утре снег на планините

Редакција

Македонија тргната од германската листа на ризични-ковид држави

Редакција