еМагазин
Image default
Македонија

Двајца пратеници позитивни на Ковид-19, се уште не знае колкумина ќе одат во самоизолација поради контакт со нив

Двајца пратеници од Собранието во изминатите два дена се изјаснија дека се позитивни на Ковид-19, а се уште нема информација колкумина нивни колеги и вработени во службите поради контакт со нив ќе мора да одат во самоизолација или да направат тестови доколку имаат симптоми на болеста.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на денов ќе се знае колкумина пратеници треба да одат во самоизолација, бидејќи се уште се изработуваат епидемиолошките анкети.

-Денеска ќе знаеме затоа што треба да завршат епидемиолошките анкети, рече Филипче.

Пратеникот Лазе Таневски од СДСМ денеска преку својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на Ковид-19, додека вчера собраниските служби информираа за пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери не коментираат како ќе се одвива работата на законодавниот дом во наредните недели.

Џафери претходно повеќе пати предупреди дека работата на Парламентот мора да се усогласи со новите услови за работа, но тоа да се случи треба промена на Деловникот за работа на Собранието.

Владејачките партии предводени од СДСМ сметаат дека парламентот треба да има можност за онлајн-работа, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Уставот тоа не го дозволува.

Министерот за здравство Филипче денеска рече дека негова и пепорака на Комисијата за заразни болести од почетокот на кризата е секој што може да работи од дома, онлајн, тоа да го стори, а оваа препорака се однесува и на пратениците.

– Тоа е наша препорака од почетокот на кризата. Секој што може онлајн да работи од дома тоа да го направи. Впрочем, и пратениците треба да се свесни дека на тој начин го штитат нивното здравје.

Нема потреба од групирање, нема потреба од преземање таков ризик. И сега поразговарав со дел од пратениците кои беа тука присутни и го препорачав истото, рече Филипче.

Првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби изјави дека Собранието мора да започне да работи онлајн, посочувајќи дека веќе задутре Владата ќе се одржи седница преку зум-апликацијата.

-Сметам дека други институции исто така треба да имаат алтернативни начини на продолжување со својата работа, рече Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизнисменот и пратеник на СДСМ, Лазе Таневски позитивен на Ковид-19

Пратеникот на ДУИ и основач на „Пуцко петрол“, Исмаил Јахоски позитивен на Ковид-19

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Eден починат од Ковид-19 во Тетово, 119 хоспитализирани се на кислородна поддршка, четворица од нив вакцинирани

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 738 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Во високообразованите установи има вкупно 4.288 наставници и соработници, од нив 51 отсто се мажи

Редакција