еМагазин
Image default
Македонија

Бројката се искачи на пет: И полицаец од затворот во Штип заразен со Ковид-19

Затворски полицаец, кој девет дена не бил на работа во Затвор-Штип е инфициран со Ковид-19.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА вели дека бројката на позитивни случаи во оваа институција се искачи на пет.

Заразени се сега двајца затворски полицајци, лекар, стоматолог и еден осуденик. Здравствена состојба на деветмината осуденици е добра и од изолација излегуваат утре, а останатите двајца, кои имале контакт со здравствените работници во изолација ќе останат до 20 октомври.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека вчера покрај новиот случај во Затворот имаат и позитивни случаи во новиот штипски текстилен кластер и нивни контакти.

Епидемиолозите дневно земаат од 20 до 30 брисеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители во Македонија има во Штип

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче апелира на трпение за вакцинација: Денеска ќе стигнат 2.000 кинески вакцини

Редакција

Петти ден расправа за реконструкција на Владата во Собрание

Редакција

Заев не се ни трудел да врти телефони, за да праша дали Јанева наводно барала „форензичко бришење“ на податоците во СЈО

Редакција