еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петти ден расправа за реконструкција на Владата во Собрание

Собранието ја продолжи 104-тата седница на чиј дневен ред е разрешување на тројцата министри од Алтернатива, која излезе од владината коалиција.

На петтиот ден од оваа седница, почна расправа за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Расправата за разрешување на министерот за здравство Беким Сали е исцрпена вчера, но поради немање кворум доцна синоќа беше соопштено дека ќе се гласа дополнително.

Денешното продолжение на седницата повторно почна без доволен број пратеници за да се гласа за разрешувањето на Сали.

Покрај Сали и Алити, на дневен ред на оваа седница е разрешувањето на уште еден нивни сопартиец од Алтернатива – Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изреволтирана жена ја искршила шофершајбната на службениот автомобил на Артан Груби

Редакција

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Дитмире Шеху

Редакција

Анкета: 51,1 отсто од Бугарите го поддржуваат влезот во ЕУ, но доколку земјава веднаш го спроведе Договорот за добрососедство

Редакција