еМагазин
Image default
Македонија

Филипче апелира на трпение за вакцинација: Денеска ќе стигнат 2.000 кинески вакцини

Денеска на софискиот аеродром ќе пристигнат 2.000 кинески вакцини чија што пратка од Кина била иницирана од почетокот на февруари од страна на нашиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати и овие вакцини ќе бидат вградени во системот за вакцинација, најави министерот за здравство Венко Филипче.

До сега, како што информираше министерот, вакцинирани се 25.000 граѓани, а утре ќе заврши вакцинацијата на вработените од критичната инфраструктура. Тој рече дека до сега се вакцинирале вработени кои се под ризик од АРМ, МВР, негувателки, учителки, правосудни органи, техничка служба на Собрание, пратениците.

Од среда ќе продолжи вакцинацијата по возрасни групи, каде што приоритет ќе имаат постарите граѓани со хронични болести.

Филипче апелираше на трпение, најави дека во април ќе стигне поголема количина на вакцини и на тој начин, старосната граница за вакцинирање ќе се намалува, но предност ќе имаат хронично болните при секоја возрасна група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ја ограничува заработката на приватните болници за ковид-пациенти

Македонски граѓани на „среќа“ се уште одат по вакцина во Србија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски се огласи на Фејсбук за истрагата на СЈО, „Поштенска банка“

Редакција

Роднина на Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа бугарското здружение во Охрид

Редакција

Придавката „македонски“ била и ќе биде во записниците од работата на Комисијата со Бугарија, вели Ѓоргиев

Редакција