еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Владиците Петар и Агатангел се лекуваат од Ковид-19 во „Систина“

Владиците Петар и Агатангел се хоспитализирани поради Ковид-19 во болницата „Систина“, објави телевизијата Сител.

Владиката Петар за Сител вели дека бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива од можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Апелира до верниците сериозно да ја разберат состојбата со вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да се лежи во приватна болница од „превентивни причини“ е одраз на „христијанска скромност““: Беќаровски за владиците Петар и Агатангел

Владиката Петар за Фокус вели дека и Владиката Агатангел е во добра состојба, и дека тој бил хоспитализиран една недела после него.

На прашањето на Фокус зошто се лекуваат во приватна болница, одговара:

„На вашето прашање зошто ние, владиците се лекуваме од Ковид-19 во приватната болница Систина, и дали немаме верба во јавното здравство, ќе го дадам одговорот кога ќе излезам од болница“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре попладне пороен дожд и ветер, во недела пад на температурата и до 10 степени

Редакција

(Фото) Лиде Лиде конечно се запозна со министерот Филипче

Редакција

Безживотното тело на прилепчанката Николоска по која се трагаше е пронајдено во водите на прилепското вештачко езеро

Редакција