еМагазин
Image default
Македонија

Придавката „македонски“ била и ќе биде во записниците од работата на Комисијата со Бугарија, вели Ѓоргиев

Придавката “македонски“ била и ќе биде во записниците од работата на Мешовитата комисија со Бугарија, уверува професор Драги Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим историчари во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Тој во изјава за Канал 5 појаснува дека напредокот што е постигнат на завчерашната средба на никаков начин не ја засега употребата на придавката “македонски“ за именувањето на народот, јазикот и историјата, како што објавија некои медиуми.

Напредокот што е постигнат, вели Ѓоргиев, се однесува на техничко ниво, односно за да нема блокада во работата, договорено е во записниците дословно да се цитирааат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.

– Дискусиите ќе се цитраат точно онака како што ги кажале дискутантите. При тоа мора да кажеме дека придавката „македонски“ беше во употреба и пред тоа и сега е во употреба. Само во одредени ситуации тие инсистираат таа придавка согласно со Преспанскиот договор и согласно со договорот што го има меѓу Македонија и Бугарија за јазикот, тука да се применува тој договор.

И не станува збор за апсолутно целосно неупотреба на придавката „македонски“. Во историски концепт таа придавка ќе се употребува, македонски народ, македонска нација,.. Значи на технички начин сите дискусии и нивните и нашите ќе бидат целосно пренесени во записникот, истакна меѓу другото професор Ѓоргиев.

На завчерашната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок. Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот.

Во периодот до наредната редовна средба,во полн состав, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од десеттата и за записникот од последната, единаесеттата средба на Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Придавката „македонски“ не се заменува со уставното име, велат од Комисијата за МИА

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно ревакцинирани 579.358 граѓани

Редакција

Вкупно 2.866: Од Ковид-19 починаа 11 лица

Редакција

Објавено кои експерти ќе учествуваат во работна група за уставните измени

Редакција