еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Преименувањето на 24 мај во ден на бугарската писменост, не е во согласност со Договорот, вели Османи

За Свети Кирили и Методиј, Комисијата има постигнато консензус и дефинитивен текст како да се интерпретира улогата и како да се одбележат заеднички меѓу двете држави и секое поместување од тоа што го работела Комисијата значи дека се минира целиот процес, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во однос на расправата во бугарскиот Парламент за преименување на 24 мај во ден на бугарската писменост, Османи рече дека смета, оти тоа не е во согласност со Договорот и со работата на Комисијата.

– Сметам дека бидејќи е само во прво читање, по оваа комуникација сега и оваа сериозна порака, дека не бегаме од обврските од Договорот, како што не очекуваме и Бугарија да бега од своите обврски од членот 2 за поддржување на евроатлантските перспективи на земјата, и ова ќе се изменаџира, рече Османи.

Прашан дали од Софија има притисок за решавање на прашањето со Гоце Делчев, Османи рече дека очигледно се чувствува тензија и ниво повеќе на недоразбирање.

– Сметам дека причина е намалената комуникација во овој период заради изборите и пандемијата и различните внатрешни динамики. Затоа се обидуваме со ладна глава да пристапиме на овие прашања, бидејќи сметаме дека има простор за меѓусебно разбирање по однос на ова прашање.

Има чувство од нивна страна дека Договорот со недоволна динамика е имплементиран, иако и нашите контра-аргументи дека девет средби за 18 месеци и не се потценување, затоа што тоа се тешки теми и бараат анализи, изјави Османи.

Можеби, посочи тој, тука се разликуваме во очекувањата и затоа сакаме прво во таа комуникација да ги тргнеме тие дилеми.

– Нема намера да кочиме во процесот на импелентација, туку имаме намера да создадеме сериозен амбиент за да ги охрабриме историчарите и научниците да најдат решенија, нагласи Османи.

За чувството, кај дел од јавноста дека некое решение на Комисијата ќе наштети на некои интереси, Османи изрази убедување, дека кое било решение што ќе се постигне како консензус, само ќе не ослободи од негативната енергија во нашите односи.

– Мислам дека треба полека да излеземе од чувството на немање самодоверба. Ние сме членка на НАТО со одлука за почеток на преговори и треба апсолутно да имаме самодоверба по однос на сето тоа што сметаме дека ни е вредност и тука нама од што да се плашиме.

Но, не треба да дозволиме емоции, дневно-политички агенди, рецидиви од минатото и чувство дека посебноста треба да се гради на анти-бугарски сентимент, мислам дека тоа штети на процесот, изјави Османи.

Мора, посочи тој, да влеземе во ментален модус на самодоверба и тоа ќе ја промени цела перспектива и политичка и на комисиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Се очекува наскоро бугарскиот Парламент да изгласа резолуција дека Адам бил Бугарин, а Ева Бугарка“: Твитер реакции за кирилицата и Кирил и Методиј

Кирил и Методиј се Бугари, а кирилицата бугарска, изгласа бугарското Собрание

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од коронавирусот почина пациент од Струшко на возраст од 50 години

Редакција

Министерката Божиновска се уште има бугарско државјанство, тврдат бугарските медиуми

Редакција

Латас на суд: Во Кривичен ново рочиште за „Тревник“

Редакција