еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Драматично во Тетово: Голем наплив на пациенти со Ковид-19, можни дополнителни локални мерки

Министерството за здравство денеска соопшти дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите.

Се размислува и за воведување дополнителни локални мерки за заштита од Ковид за што ќе биде разговарано утре.

-На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во село Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје, се истакнува во соопштението од Министерството за здравство.

Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар ќе биде распореден во најкус рок.

-Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре, се посочува во соопштението.

Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И судењето за „Талир“ на СЈО одложено поради притворот на Јанева

Редакција

Две воспитувачки во тетовските градинки заразени од Ковид-19

Редакција

Судење за „Меѓународен сојуз“: Бизнисменот Ардијан Амзоски бара отштета од 195.000 евра

Редакција