еМагазин
Image default
Македонија

Затворен штипскиот Центар за аутизам, медицинска сестра позитивна на Ковид-19 во изолација три деца

Центарот за аутизам во штипската населба Пребег е затворен откако е потврден позитиев тест кај медицинската сестра, вработена во овој центар, потврди за МИА директорката на Центарот за социјални работи-Штип, Златка Иванова.

-Минатата недела вработената добила симптоми, по што веднаш е тестирана, а од превентивни причини во изолација се ставени трите деца, кои го посетуваа Центарот за аутизам, вели Иванова.

Таа додаде дека и во Центарот за интелектуална и телесна попреченост во штипско Ново Село потврден е позитивен случај кај корисник. Минатата недела позитивен беше резултатот на медицинското лице, кое е вработено и во овој центар. Здравствената состојба на остантите корисници и вработени се следи и се во изолација.

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега во Македонија се вратиле 1.842 граѓани од странство

Редакција

Наскоро ќе добиеме нова Влада преводена од Заев, а шест-седум министри ќе бидат сменети, најави вицепремиерот Битиќи

Редакција

Ќе го најдат ли утре Груевски судските службеници

Силвана Жежова