Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 46 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 229, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 191 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје 85
Починаа шест лица од Ковид-19, од кои тројца од Скопје
Регистрирани 438 нови случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје 200
Фото: МЗ