еМагазин
Image default
Да помогнеме

„Невидливото да стане видливо“: Фејсбук група “Сончогледи за невидлива попреченост“

На Фејсбук е формирана нова Фејсбук група, “Сончогледи за невидлива попреченост“, која има за цел да им го подобри и олесни животот на лицата со невидлива попреченост во Македонија.

Групата можете да ја најдете на овој линк.

“Оваа иницијатива е поддржана од повеќе организации низ светот, па би било добро да се практикува и кај нас, а бизнисите да им дадат на овие луѓе до знаење дека ја имаат нивната поддршка.

Иницијативата ја поздравија и споделија многу луѓе кои сметаат дека треба да се спроведе и во нашата земја, невидливото да стане видливо, да им се пружи помош и предност на лицата кои имаат скриена попреченост и аутизам“, велат администраторите на групата.

За почеток на оваа хумана мисија тие повикуваат фирми или физички лица да помогнат околу изработката на картички или ленти со сончогледи, кои би ги носеле овие лица, за да животот им стане полесен, што е пракса во многу земји.

Исто така ги повикуваат и невладините организации од оваа област да се приклучат на инцијативата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можеме да собереме 15 илјади евра: Потребни се за тригодишната Срна – да си дојде побрзо дома

Редакција

Малиот Кристијан има церебрална парализа со епилептични напади, потребни се средства за лекување во Турција

Редакција

Не постои цена за Искра да земе здив: Потребен е мобилен респиратор

Редакција