еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Протести на ВМРО-ДПМНЕ во седум градови: Мицкоски побара да запре политичкиот прогон

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протести со движење на колона возила низ улиците на седум градови во државата против, како што велат од партијата, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

Освен во Скопје, во исто време имаше протести и во Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип и Битола.

„Овој политички прогон мора веднаш да запре, знаеме дека се случува поради немоќта на власта. Таа е исплашена дека за многу скоро ќе дојде тој ден кога ќе се соочи лице во лице со чистата и јасна правда, меѓутоа ова што му го прават на македонскиот народ, тој нема да го заборави и ќе ги казни час поскоро“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сега попишани 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови

Редакција

Лани намален бројот на доктори на науки и на магистри

Редакција

978 нови случаи на Ковид-19 од 2.667 тестирања, најмногу во Скопје 392

Редакција