еМагазин
Image default
Бизнис

Најмногу фирми за одгледување медицинска марихуана има во Струмица и Скопје

Како што објави вчера еМагазин во Македонија во бизнисот со медицинска марихуана досега влегле 55 фирми, а 17 нови чекаат дозвола од Владата.

Годинава пак на овој пазар влегле 9 нови фирми.

Најмногу од фирмите имаат седиште во Струмица и Скопје.

Со седиште во Скопје се: „НЈСК“, “Каба хербал“, која одгледува марихуана во Кочани, „Фармаролли Т.Х.Ц.Куалити груоп“, која одгледува марихуана во Росоман , “РСБ солутионс Скопје“, која одгледува марихуана во Карбинци, “Микеси Доо Зелениково“, одгледува марихуана во Зелениково, “Каннафиелд Дооел“, одгледува марихуана во Ѓорче Петров, “Еурокан Земјоделие“, одгледува марихуана во Кочани, “Реј Греен доо Скопје“, одгледува марихуана во Волково, “Андерсон Леонард фармацеутикал“, одгледува марихуана во Ќојлија, “Цанноби Скопје“, одгледува марихуана во Ќојлија, „Њу гарден фарма дооел Скопје“, одгледува марихуана во Ќојлија, “Канбио медикал“, одгледува марихуана во Демир Капија, “ГМ ЛАЈТ МЕДИКАЛ ДОО“, одгледува марихуана во Дебреште, „Чилам доо Скопје“, одгледува марихуана во Пробиштип, „МБ Биоцинтрум Скопје“, одгледува марихуана во Пехчево и „Синцеритас“, одгледува марихуана во Росоман.

Со седиште во Струмица се „Канабис про„, „Херб индустри доо Валандово“, која одгледува марихуана во Валандово, “Агропролифе“, одгледува марихуана во Петралинци, „Лифе плант доо“, одгледува марихуана во Градско Балдовци, „Солидис Хербал“, одгледува марихуана во Босилово и Турново, „ЦБД Мед план доо“, одгледува марихуана во Борисово и „Лаутинг Лукс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Кои се фирмите кои влегоа во бизнисот со медицинска марихуана во Македонија

Владата подготвена да расправа за декриминализација на марихуаната со измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци

Фото: www.quo.es

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Глоби до 2.000 евра за трговците кои нема да обезбедат редари

Редакција

ACI го рангира охридскиот аеродром меѓу најдобрите 3 со највисок раст во Европа

Редакција

На две менувачници ќе им биде одземена лиценцата, бидејќи шпекулираа за денарот на штета на граѓаните, изјави гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција