На 22.10.2020 во 17,15 часот било пријавено дека на пругата помеѓу железничката станица „Радуша“ и железничката станица „Јегуновце“ се случила незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево и товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(44) од Тетово, информира МВР.
Во незгодата возачот и сопатникот М.А.(56) од Тетово се здобиле со повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.