еМагазин
Image default
Балкан

Словенија го ограничува приемот на пациенти во болниците

Приемот на сите пациенти во болниците во Словенија ќе биде прекинат, освен за итни случаи и оние кои се заболени од Ковид-19, јавуваат словенечките медиуми.

Со указ издаден од министерот за здравство на Словенија, Томаж Гантар се пропишува нов режим на работа за сите здравствени установи во Словенија.

Пациентите на онкологија, бремени жени, неонатологија и вакцинации не се опфатени со новата мерка, како и итни интервенции опасни по живот на пациенти.

Министерството ќе проценува на 14 дена дали тие мерки мора да останат во сила или не.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слаби изгледи за значајна помош од ЕУ во енергетската криза за Западен Балкан

Редакција

Српски парламентарец тврди дека Вучиќ го шпионира разузнавачка група сместена во авто-салон во Скопје

Редакција

Со Законот за слобода на вероисповед во Црна Гора ќе се одзема и имот на СПЦ

Редакција