еМагазин
Image default
Локално

Тешко повреден малолетник од Скопје по удар од автомобил

Пешак на возраст од 15 години од Скопје вчера попладне се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил.

Како што соопшти МВР, вчера во 16:30 часот било пријавено дека во Скопје на булевар „Александар Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.В. од Крива Паланка удрило во пешак на возраст од 15 години од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои улици ќе бидат затворени поради Советот на ОБСЕ: Денеска и утре, посебен сообраќаен режим

Редакција

На Табановце се чека до 40 минути, на другите гранични премини нема задржувања

Редакција

Кочанчанец се заканил дека ќе постави бомба за време на Струмичкиот карневал

Редакција