еМагазин
Image default
Македонија

Две жени починаа од Ковид-19 во велешката болница

На Инфективното одделение при велешката Општа болница синоќа починаа две жени на 57 и 86 годишна возраст од Велес. Тие се дванаесетта и тринаесетта жртва, починати во велешката болница од почетокот на минатата недела.

Синоќа на Инфективната клиника во Скопје, пак, почина и Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес, кој се лекуваше во велешката болница па беше префрлен на Инфективна во Скопје.

Како што информира д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болнца Велес, едната пациентка која почина синоќа е на 57 години со прекумерна телесна тежина и хипотиеоза примена во болницата на 25 октомври и со многу ниска сатурација на кислород, 86 годишната жена со хипертензија е примена на Инфективно одделение при велешката Општа болница на 19 октомври.

Моментално на Инфективното одделение при велешката Општа болница се хоспитализирани 41 пациент од кои 33 потврдени и осум сомнителни кои чекаат резултати од тест, а 13 пациенти се на кислородна поддршка.

Од почетокот на епидемијата на Ковид-19, во Велес и велешко досега починаа 29 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Инфективна во Скопје почина 41-годишниот Игор Ангеловски поранешен началник на СВР Велес

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груби: Ахмети има преземено иницијатива за план Б, која е доставена и до Бугарија, за почнување на преговорите со ЕУ

Редакција

Закани кон новинарката Мери Јордановска, ССНМ бара истрага

Редакција

(ВИДЕО) Не сум ни помислил, а камоли да планирам да бегам, изјави Мијалков пред две години

Редакција