еМагазин
Image default
Локално

Санкционирани 448 возачи во Скопје, од кои 52 за пречекорена брзина

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 448 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 52 прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера се изречени 33 мерки за технички неисправни возила и 43 за возење без возачка дозвола.

Изречени се и 67 мерки за непрописно паркирање, 61 возило е подигнато со „пајак“, санкционирани се и 23 пешаци, а изречени се 64 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, посочуваат во соопштението од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнат спасувач на Црвен крст во Аква паркот во Скопје

Редакција

Скопјанец претепан во неговиот дом од тројца гости

Редакција

Физичка пресметка меѓу двајца прераснала во масовна тепачка

Редакција