еМагазин
Македонија

Македонија да признае дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени, ако не вето, порачува Захариева

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева во интервју за „Ројтерс„ уште еднаш порача дека ако Македонија и Бугарија не го решат проблемот, ќе следува вето.

Како што вели таа во интервјуто според неа клучниот проблем за Бугарија е како да ги запре барањата за признавање на македонско малцинство во нејзината земја.

Според Захариева тој проблем ќе се реши доколку Македонија признае дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.

„Нашите грижи потекнуваат од бескрајните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на тоа“, вели Захариева.

Доколку Скопје се согласи, вели таа, Бугарија е подготвена да ги признае македонскиот: „како еден од официјалните јазици во Северна Македонија“ и да го прифати македонскиот идентитет.

„Не спориме со нивното право на самоопределување, ниту со правото да си го нарекуваат јазикот како сакаат. Подготвени сме уште еднаш да ги потврдиме актуелните реалности, но тие мора да ја прифатат историска вистина“, вели Захариева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кумановскиот градоначалник Димитриевски му го врати орденот на Каракачанов и му напиша протестно писмо

Фото: Захариева/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рекет” влегува во нова фаза: Судењето продолжува со презентација на материјални докази

Редакција

Компанијата „Беса транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и други градови

Редакција

Во Тетово намален бројот на активни случаи со корона вирусот

Редакција