еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Струмичката болница ќе добие амбулантно возило откако директорот побара донации на Фејсбук

Директорот на Општата болница во Струмица, Наќе Гогов, денеска на Фејсбук прво објави апел за донации за да се набави амбулатно возило, а по некое време испрати нов апел за да не се донира.

Апелите на Гогов предизвикаа реакции во јавноста, по што пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов на Фејсбук соопшти дека е најдено амбулатно возило, а болницата ќе го добие најдоцна за два месеци.

„Во оваа пандемија, клучот е да бидеме одговорни и во интерес на граѓаните да делуваме со ладни глави. Го разбирам притисокот кај здравствените работници.

Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за Струмичката болница.

Дополнително се прват напори и за повеќе, во првото тромесечије од 2021 како донација од Кина ќе пристигнат 60 амбулантни возила за Македонија“, напиша тој на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Граѓански марш во Тетово за почит на жртвите од пожарот во ковид-центарот

Редакција

6.704 здравствени работници се вакцинирани со прва доза, а 2.572 со втора доза вакцини против Ковид-19

Редакција

ИРЛ открива пропусти на Обвинителството за истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, од таму велат дека тоа е манипулација

Редакција