еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Резултатите од мерките ќе ги видиме за еден месец, нема потреба од полициски час

Согласно циклусот што сега се случува, на динамиката на пренос на вирусот, појава на болеста, евентуално влошување или хоспитализација на пациенти, очекуваме дека за 10 дена ќе видиме првични резултати од примената на мерките за заштита кои се во сила заедно со тие што ги предложивме денеска, но за месец ќе видиме вистински резултати од овие мерки.

Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според него, бројката во првиот бран од пандемијата точно ја предвиделе и тогаш беше близу 2.000 заболени заради анализите кои што се прават врз основа на параметрите како што се  бројката на заболени, епидемиолошките анкети како се заразиле и сл., но сега е, вели, тешко да се прогнозира бројка.

„Тешко е да се каже конкретна бројка. Сега навистина имаме една трансмисија која што е широка низ населението. Локална трансмисија во која што имаме бранови, мини кластери насекаде и сакаме да видиме и да процениме како овие мерки кои што се сега во сила ќе дадат и кога ќе дадат резултат.

Јас искрено верувам дека ова што сега го препорачуваме денеска заедно со овие мерки кои се до сега во сила – забраната за групирање, скратувањето на време на работа на угостителските објекти, тоа што утре ќе го предложиме наместо до 23, до 21 часот, забраната за групирање на отворено наместо 22 да биде 21 согласно затворањето на угостителските објекти, препораката да нема домашни посети, препораката сите да работат кои можат согласно работниот процес од дома, 50 проценти исполнетост на капацитетите на возилата за јавен транспорт дека ќе даде резултати.

Сето тоа се мерки коишто практично се имплементираат и се препорачуват  во целиот свет, рече Филипче.

Според него, постојните мерки против Ковид-19 се добро димензионирани и нема потреба од карантин.

-Еден од најбитните параметри тоа е капацитетот на болниците дали имаме слободни кревети, лекари и сестри кои можат да дадат здравствена заштита. Согласно нашиот план ослободуваме се повеќе кревети, функционира системот на ротација.

Нема да дозволиме да нема болнички кревет, но нашиот здравствен систен е навистина под голем притисок и во таа смила се сите овие рестрикции кои што се на сила, вели Филипче и додава во овој момент, од форма на карантин како полициски час, нема потреба.

Во однос на капацитетите на здравството и откако опозицијата го блокира Законот за заем поради што доцни изградба на 16 ковид центри, рече, подготвен е план, а тоа е да се обезбедат сите други капацитети коишто ни се на располагање.

– И планот којшто сега ни се случува со ангажирањето на болничките капацитети, ротацијата на лекари практично беше на стенд бај нешто што го предвидовме во летните месеци го разговаравме. Ние очекувавме есенски бран. Така и се поставивме.

Ние секогаш кажувавме дека ќе имаме есенски бран, дека ќе биде комплицирана епидемиолошката ситуација, ќе има голем број пациенти, дека е можно да се мешаат ковид пациентите со пациентите од сезонски грип.

Ние сме спремни и големиот број на пациенти коишто произлегуваат од овој голем број на дијагностицирани случаи практично има каде да ги сместиме. И не доцниме, напротив, го предвидовме ова и сме подготвени, вели Филипче..

Во однос на вакцините за сезонски грип, Филипче рече дека нема доцнење, бидејќи нивната препорака била вакцината да дојдат на крајот на октомври и почетокот на ноември, заради тоа што главниот притисок од пациенти од сезонски грип, вели, го очекуваме некаде во јануари.

„Историски гледано секогаш било така повеќе изминати години. Некои многу чудни работи се случуваа во јужната хемисфера за време на зимата таму изминатите месеци каде бројот на пациенти со сезонски грип беше значајно намален наспроти пациентите со ковид, е нешто што сега засега науката не може да го објасни.

Лани кај нас имаше скоро двојно од онаа претходна година заболени од сезонски грип, 37.000 наспроти 20.000 пациенти. Ниту еден тогаш немаше заболен од корона вирусот.

Ние ги анализиравме и тие брисеви заради тоа што тие примероци стојат во ИЗЈ. Дел од вакцините се дистрибуирани, дојдоа неколку пати во неколку количини и во периодов што доаѓа ќе започне вакцинацијата против сезонски грип. Сметам дека ќе се заштити населението,“ рече Филипче.

МИА/Фото:МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

214 се реинфекции: Нови 1.424 случаи на Ковид-19

Редакција

Петков откри дека со Ковачевски се согласиле ЕУ да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав, Димитров објаснува што значи тоа

Редакција

Армијата се вклучува во надзор на границите, во контрола на патните правци и во обезбедувањето витални објекти

Редакција