еМагазин
Image default
Македонија

Штипското Кожно одделение ги прими првите ковид пациенти

Штипското Кожно одделение од попладнево се става во функција за ковид пациентиетите, кои се со полсена клиничка слика или на ден, два пред да бидат испишани од болницата.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА појаснува дека утринава е направен координативен состанок меѓу лекарите и медицинскиот кадар од Инфективното и Кожното одделение, за точно да се утврди начинот на работа и како ќе функционираат двете одделенија.

-Попладнето веднаш по визитата на Инфективното одделение се очекува на Кожното да бидат пренесени и првите пациенти. Таму имаме вкупно десет слободни кревети, а за пациентите ќе се грижи комплетно персоналот на Кожното одделение, имаме четворица лекари, пет медицински сестри и по еден болничар и хигиеничар, вели Ѓеорѓијев.

На Инфективното одделение денеска е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти, во моментов имаат 53 или остануваат уште два слободни кревети. Половина од пациентите се на кислородна поддршка, а двајца пациенти од Штип и Злетово на возраст од 87 и 63 години починаа на оваа одделение.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени седуммина заболени од Ковид-19

Редакција

Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува со сослушување на нови сведоци

Редакција

Клевета е дека сум продавал биолошка терапија во Косово, рече поранешниот организациски директор, Нухи за случајот на Онкологија

Редакција