еМагазин
Image default
Македонија

Новзаразени на возраст од 8 до 82 години: 28 нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци, 17 во Неготино

Ученик од трето одделение во неготинско училиште е позитивен на коронавирусот. Поради тоа, во изолација се 18 соученици и двајца наставници.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Тој додаде дека во изминатите 24 часа евидентирани се 28 случаи позитивни на Ковид-19 во Кавадарци, три во Росоман, 17 во Неготино.

– Новозаболените се на возраст од осум до 82 години. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат, нагласи Јовановски.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранко Црвенковски: Потпишувањето на договорот со Бугарија со формулацијата за „заедничка историја“ беше голема грешка

Редакција

Жена од Македонски Брод се породила во амбулантно возило на пат кон Прилеп

Редакција

Нови 946 случаи на Ковид-19 од 2.564 тестирања

Редакција