еМагазин
Image default
Македонија

Единаесет здравствени работници од Инфективната клиника се позитивни на Ковид-19

Од здравствените работници кои работат и се на испомош на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов 11 се позитивни на Ковид-19, а двајца се во изолација, информираат од Министерството за здравство.

Од 11-те позитивни, седум се медицински сестри од Клиниката, двајца се доктори, а две се медицински сестри кои се на испомош, информираат за МИА од Министерството за здравство.

На Клиниката, како што посочуваат, работат вкупно 40 медицински сестри, а 11 се на испомош. Во Модуларната болница до Инфективната клиника, пак, работат три медицински сестри, а 14 се на испомош.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајко Вељаноски ќе сведочи за „27 април“

Редакција

Преименувањето на 24 мај во ден на бугарската писменост, не е во согласност со Договорот, вели Османи

Редакција

Неколку болници означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина, вели Сали

Редакција