еМагазин
Image default
Македонија

Османи: Самоопределувањето е суверено право на државите, а не прашање што се регулира во билатералните односи

Нашиот фокус во овој период и во рамки на регионалната соработка, на Берлинскиот процес и во рамки на билатералните односи е да продолжиме да го почитуваме Договорот и инструментите на Договорот, кои јасно предвидуваат дека историјата ќе биде оставена на историчарите, на академиците и тие треба да најдат заеднички точки што ќе не спојат, за да ни обезбедат иднина на сите граѓани, рече министерот за надврешни работи Бујар Османи, на денешната заедничка прес-конференција со неговите колеги од Бугарија, Екатарина Захариева и на Германија, Хајко Маас.

Според Османи, правата што произлегуваат од самоопределување се суверени права на државите и не се прашања што се регулираат во билатералните односи, бидејќи државите сами одлучуваат какво ќе биде внатрешното уредување и кои ќе бидат нивните идентитетски атрибути поточно, нагласи тој, граѓаните искажуваат своите идентитетски атрибути.

Потенцира дека треба да се држиме до рамката и до инструментите од Договорот за добрососедство, што определи создавање комисија со цел да се најдат заеднички точки на одбележување на историски настани и личности.

– Веруваме силно дека преговарачкиот процес не е само чист бирократски процес, туку процес што се води од универзалните вредности и принципи на ЕУ, а тие се заедничката иднина, за сметка на заедничкото минато и оттука сметам дека доколку овие овие принципи не би постоеле во ЕУ, ЕУ денеска не би постоела, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали има начин двете земји да постигнат договор.

Министерот Османи уште еднаш истакна дека Договорот за добрососедство е одлична рамка за надминување на разликите што постојат помеѓу двете држави во однос на сите прашања. Смета дека продолжувањето на имплемантацијата на договорот со добра волја и со фокус на заедничката иднина на двете држави е единственото решение.

– Јас сум оптимист дека сите сме свсни за влогот и за последиците од неуспех и за нас и за нашите внатрешни процеси и за значењето и улогата на Р Бугарија во враќањето на европската агенда на регионот, но и за предвидливоста и кредибилноста на ЕУ во регионот, рече тој и додаде дека Договорот за добрососедство претставуваше пресвртница во нашите односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германскиот министер Маас без одговор дали со барањата на Бугарија се менуваат фудамените на ЕУ

Захариева: Нашите услови не се сменети повеќе години, мене ме чуди дека тоа е нешто ново за вас

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со консултации за референдумот

Редакција

Тортевски: Македонија не аплицираше за влез во Бугарија, туку за членство во Европската Унија

Редакција

Нови 16 случаи на Ковид-19 од 2.873 тестирања, бројот на активни е 142

Редакција