еМагазин
Image default
Македонија

Детското одделение во струшката болница отворено за пациенти болни од Ковид-19

Исполнети се капацитетите предвидени за пациенти позитивни на Ковид-19 на Интерното одделение во Струшката општа болница.

Директорот на болницата Мухамед Асани за МИА информира дека од денеска на располагање е Детското одделение.

– Од денеска на располагање е детскиот оддел. Пациентите што се лекуваат на детско се префрлени во друг дел. Без проблем и непрекинато ќе функционираме, изјави Асани.

На Интерното одделение во болницата во Струга, додаде, во моментот се хоспитализирани 24 лица, кои ја добиваат потребната медицинска помош.

Во однос на медицинскиот кадар тој посочи дека покрај постојаниот што работи во болницата во справување со пандемијата со корона вирусот на помош се дојдени и стружани специјализанти.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбиено барањето на струмичкото Обвинителство за активрање на условна пресуда на градоначалникот на Ново Село

Редакција

Вечерва прво ТВ соочување во вториот круг на Силјановска и Пендаровски на МРТВ

Редакција

(Фото) Полугола полицајка во униформа си ги покажа градите на социјалните мрежи, МВР го истражува случајот

Редакција