еМагазин
Image default
Техно

Поддршка за дигитална трансформација на претпријатијата: Samsung Galaxy паметните телефони и таблети се дел од Android Enterprise Recommended програмата

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денеска објави дека ќе се приклучи на Android Enterprise Recommended програмата на компанијата Google, за да им го олесни интегрирањето на мобилни решенија на претприемачите и компаниите во нивниот бизнис.

Оваа одлука обезбедува дополнителна безбедност на деловните корисници, бидејќи нивните уреди ги исполнуваат сите хардверски и софтверски услови дефинирани од страна на Google.

„Samsung е посветен на пружањето поддршка на деловните клиенти во модернизирањето на нивниот бизнис во согласност со дигиталната ера, со најсовремениот хардвер, практичен софтвер и врвни безбедносни решенија“, изјави KC Choi, извршен потпретседател и директор на глобалниот B2B тим во одделениото за мобилни комуникации на Samsung Electronics.

„Со пристапување во Android Enterprise Recommended програмата, им оставаме можност на претприемачите и компаниите да полесно да изградат мобилни решенија со кои ги штитат нивните вработени, но исто така ја зголемуваат ефикасноста со исполнување и надминување на стандардите за безбедност, продуктивност и флексибилност на компанијата Google.”, додаде тој.

Децениско партнерство помеѓу компаниите Samsung и Google

Од самиот почеток, Samsung и Google тесно соработуваат за да им овозможат на компаниите најдобри и најбезбедни мобилни решенија. Овие две компании ги здружија силите пред скоро една деценија за да се справат со најважните предизвици со кои компаниите се соочуваат денес: одржување на продуктивноста, заштитата на вработените и флексибилност во работата.

Во текот на изминатите две години, Samsung и Google работеа посебно на усогласување на  Android Enterprise и Samsung Knox платформите, за да им ги овозможат на Android корисниците потребните напредни решенија на Samsung за безбедност и управување со уредите со нудење на квалитетно корисничко искуство.

Покрај тоа, компаниите заеднички ја спроведоа синхронизацијата на услугите за управување со мобилно вклучување на нововработените во деловните системи (Android zero-touch enrollment и Knox Mobile Enrollment).

„Возбудени сме што Samsung Galaxy паметните телефони и таблети се приклучуваат на Android Enterprise Recommended програмата, зајакнувајќи го нашето долгогодишно партнерство и напор за обезбедување на врвно мобилно искуство на деловните корисници,“ изјави David Still, директор на Android Enterprise одделот во Google.

„Учеството на Samsung во програмата значи дека корисниците на Google ќе имаат пристап до уреди кои нудат максимална безбедност, ефикасност и продуктивност. Се радуваме на продолжувањето на нашата соработка.“, вели тој.

Долгорочна посветеност на корпоративните клиенти

Samsung има долга историја на создавање на исклучителни мобилни решенија кои им помагаат на компаниите да управуваат со современите деловни предизвици, вклучувајќи го  Galaxy Enterprise Editions, иновации во сегментот на паметни телефони и таблети, најсовремени безбедносни решенија, флексибилни опции за конфигурација на уредот, како и напредни услуги за професионален менаџмент.

Компанијата постојано ја подобрува понудата на своите производи и услуги, така што деловните клиенти секогаш ќе добиваат беспрекорна услуга. Дел од понудата е Samsung Knox Suite, кој на корисниците, покрај другите опции за безбедност и управување, им нуди напредни безбедносни опции, како што се Dual-layered Data-At-Rest енкрипцијата, Real-time Kernel Protection, Defeat Exploit и Sensitive Data Protection услугата за заштита на компаниите и нивните корисници од сите видови дигитални закани.

Дополнително, Samsung Knox Suite IT им носи на администраторите можност за конфигурација на Samsung уредите според специфичните потреби на нивните компании, управување од централна локација, како и посебен систем за лесно ракување со оперативен систем на вработените и софтверски ажурирања од далечина.

„SAP е една од првите компании кои што го сфатија позитивното влијание на мобилните технологии врз подобрување на продуктивноста и благосостојбата на вработените,” изјави Christian Lohde, директор на Android Experience одделението во SAP SE.

„Мобилните решенија на  Samsung ни овозможија да ги интегрираме уредите во нашата инфраструктура, осигурувајќи се дека нашиот бизнис систем секогаш работи. Вклучувањето на Samsung во Android Enterprise Recommended програмата е уште еден доказ за придобивките што нејзините технологии ги носат на компаниите.“, вели тој.

„Centrica се потпира на мобилна работна сила за да обезбеди најдобро искуство на корисниците,“ изјави Andy Warren, директор за мобилни телекомуникации во компанијата Centrica.

„Samsung обезбеди нашата мобилна флота секогаш да биде онлајн и заштитена од најновите опасности што му се закануваат на бизнисот денес и затоа сме среќни што производите на Samsung сега се дел од Android Enterprise Recommended програмата.“, додава тој.

Што значи тоа за Galaxy корисниците

Избраните Galaxy уреди со Android 11 и најнов оперативен систем како што се S20, Note20, Tab S7/S7+, XCover Pro ќе станат дел од Android Enterprise Recommended програмата. Новината ќе им овозможи на корисниците уште повеќе опции во согласност со стандардите на Google за доследно деловно работење. Заедно, Google и Samsung ќе продолжат да ги надминуваат границите и да создаваат најдобри можни искуства за да им помогнат на деловните корисници ширум светот да ги постигнат своите цели за дигитална трансформација.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Паднаа „Фејсбук“ и „Инстаграм“: Вознемирени и македонските корисници

Редакција

Активирајте ја апликацијата „Стоп корона“ и помогнете заеднички да се победи коронавирусот

Редакција

Апликација која овозможува да се возите низ одредена светска метропола и истовреме да слушате локално радио

Редакција