еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка со промотивна кампања за VISA Business картички за правни лица

НЛБ Банка од 20 ноември 2020 година започнува промотивна кампања за Visa Business картичките за правни лица која ќе трае до 20 декември 2020 година, информираат од таму.

Во рамки на кампањата Банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Visa Business картичките.

„Сите нови клиенти кои ќе аплицираат за Visa Business картичките во промотивниот период ќе ја добијат картичката без членарина за првата година, додека сите нови и постоечки корисници кои ќе направат најмалку 15 или повеќе трансакции во промотивниот период ќе бидат ослободени од членарината за основната картичка за следната година.

Дополнително за овие корисници следува и подарок – изненадување од Банката.

НЛБ Visa Business картичките се наменети за правни лица за подмирување на секојдневните службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство, подигнување готовина како и за сите оние правни лица кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби кои гласат на име на правното лице,“ се вели во соопштението.

Повеќе информации за промотивната кампања клиентите може да добијат на веб страницата nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката, на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Vip ја одбележува Светската недела за грижа на корисниците

Редакција

Политика за спречување на корупцијата кај јавните претпријатија

Редакција

На 24. март во Градски парк во Скопје ќе се одржи Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Редакција