Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 15. ноември покажуваат дека просечната возраст на заболените со Ковид-19 во Македонија е 44,2 години.
„Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,2 години).
Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 10.040 (21,1%) со инциденца од 2.619,4/100.000, а највисока специфична инциденца од 3.139,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (8.728 заболени).
Најниска инциденца од 522,1 и 868,1 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.195 и 2.172 случаи соодветно“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Температура и малаксаност најчестите симптоми кај заболените од Ковид-19 во Македонија
23,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија се без симптоми
Во болница се лекувале 14,8% од заболените со Ковид-19
Фото: МЗ