Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 15. ноември покажуваат дека температура и малаксаност се најчестите симптоми кај заболените од Ковид-19 во Македонија.
“Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (68,9%), малаксаност (41,5%), кашлица (39,8%), главоболка (19,4%), болка во грло (15,7%), мускулна болка (13,9%), треска (13,2%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,5%) и отежнато дишење (10,0%)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
23,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија се без симптоми
Во болница се лекувале 14,8% од заболените со Ковид-19
Просечната возраст на заболените со Ковид-19 во Македонија е 44,2 години
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.