еМагазин
Image default
Македонија

Издавањето на викендици на групи на луѓе е кривично дело, полицијата ќе казнува, потсети Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека нема никаква забрана за издавање на викендици на семејства и едно семејство да може да биде во некоја викенд куќа каде било на територијата на нашата земја, но е кривично дело на издавање на викендица на група на луѓе.

„Не е идејата да донесеме одлука дека рестораните, хотелите не можат да работат после 18 часот, а од друга страна да отвориме нови такви објекти да ги имаме во околината на Скопје, во Сопиште, Маврово, Охрид.

Зошто би била забраната за рестораните и хотелите ако тоа некои може да го прават во викендиците,“ одговори Спасовски на новинарско прашање на прес-конференцијата за отчетот 100 дена Влада.

Тој додаде дека МВР веќе има изготвено оперативна акција за откривање на овие кривични дела, но полицијата уште реагира превентивно до издавачите на викендички, за да знаат што може да ги очекува ако изнајмуваат на групи луѓе.

Контролите ќе почнат да се спроведуваат следната недела и за новогодишната ноќ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Делчев е црвената линија на нашето достоинство

Редакција

Руски агенти работеле против договорот на Бугарија со Македонија, тврди Петков

Редакција

Пријави лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201

Редакција