еМагазин
Image default
Локално

Приведен угостител од Тетово: Работел по дозволеното време

На 16.12.2020 околу 21.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Тетово затоа што неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот. Ф.И. бил задржан во Полициската станица Тетово, соопшти МВР.

„По целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија““, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По сообраќајка косовско „БМВ“ паднало во Лепенец, едно лице пренесено во ГОБ „8 Септември“, по три се трага

Редакција

Тешко повредена битолчанка по удар од комбе

Редакција

(Видео) Змија се качи на велосипед во Дебар Маало

Редакција