еМагазин
Image default
Македонија

МВР ќе распише оглас за најмалку 500 нови полициски службеници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска најави дека многу скоро ќе биде распишан оглас за најмалку 500 нови полициски службеници.

„Имаме обука што траеше и требаше да биде завршена до крајот на годината, но заради тоа што беше прекината продолжува до март, а од март ќе ни треба нова група на кандидати кои ќе тргнат на обука за полициски службеници.

Врз основа на  потребите што ги има МВР во наредниот период ќе се распише тој оглас за најмалку 500 нови полициски службеници“, информира Спасовски на денешната прес-конференција на која говореше за она што е сработено во МВР во изминатите 100 дена.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев го замоли папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата

Редакција

(Во живо) Демонстрати влегоа во дворот на Владата

Редакција

Сите детали: Кој се е во трка за пратеник на престојните избори

Редакција