еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Филипче: Награда од 30.000 денари за 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.

„Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите.

По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со Ковид-19, ќе добијат еднократна награда.

Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари“, посочи Филипче.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аутото со нова кампања за откуп на користени возила

Редакција

Петмина гостиварци со два тикети во обложувалница заработија 126 илјади евра

Редакција

(Фото) Како ќе изгледаше светот доколку природата и универзумот беа корумпирани

Редакција