еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Министерот Спасовски оздраве од Ковид-19 и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска е прв ден на работа по лекувањето од Ковид-19.

„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето.

Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог.

Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме,“ пишува Спасовски на неговиот фејсбук-профил.

Министерот за внатрешни работи поради висока температура беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.

Фото:Фејсбук/Спасовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на прометот и трансакциите на Македонската берза во септември

Редакција

До недела сончево време со студени утра

Редакција

Д-р Вело Марковски и уште седум лица обвинети за трговија со артефакти

Редакција