Денеска во 00.10 часот на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, полициски службеници од Полициска станица Струмица го лишиле од слобода И.У. (32) од Струмица, за кого била распишана потерница поради бегство од затвор, информира МВР.
„Во 03.30 часот лицето е предадено во Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна, на која бил осуден поради повеќе сторени кривични дела“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.