Борче Стаменов e херојот од Кавадарци кој секојдневно склопува и поправа стари компјутери кои ги подарува на социјално загрозени семејства, деца со попреченост, или едноставно, наши сограѓани кои не можат да си дозволат сами да си купат.
Тој денеска информираше дека ја достигнал бројката од 500 донирани компјутери.
Како што раскажа за „еМагазин“, се започнало кон крајот на 2016 година кога во фирмата во која 20 години работи „Бидат информатика“, една жена му побарала половен компјтер.
„Старите компјутери ги чував за делови, не ги фрлав. Жената кога ми побара, склопив еден и утредента ѝ го однесов. Немаше ни со што да си го земе. Четирите деца кога го видеа се израдуваа, никогаш претходно немале видено компјутер. И така започна се,“ раскажува Борче за „еМагазин“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Стаменов