еМагазин
Image default
Uncategorized

Во тек се 9 вонредни инспекциски надзори за помлади пациенти кои починале од Ковид-19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува девет вонредни инспекциски надзори за пациенти во помлада возраст, кои за жал ја загубија борбата со Ковид-19, информира директорката на инспекторатот, Иринка Сотирова Бухова.

Директораката на денешната прес-конференција посочи дека од почетокот на пандемијата до денес ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено иницирање на вонредни стручни надзори, кои не ги работи ДСЗИ, ги работи Министерството за здравство или лекарската комора.

Прашана дали имаат претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на лекарите, Бухова рече дека последниве неколку дена немаат добиено претставки.

-Во последните денови или недели немаме претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на докторите. Вонредните инспекциски надзори ги правиме по допрен глас, по иницијатива на ДСЗИ, по иницитјаитва на Министерството за здравство, рече Бухова во одговор на прашање.

Таа информира дека надзорот во клиничката болница во Битола по однос на акутелната случувања, е се уште во тек.

-Тоа што можам да ви го кажам во однос на капацитетите од утринскиот почеток на надзорот, за истата болница е дека во тријажниот центар за Ковид-19 и сите други респираторни инфекции, битолската болница располага со 33 кревети од кои сабајле во утринските часови беа пополнети 68.

Централен довод за кислород има за 50 кревети, за останатите има две големи и за секој останат по една помала боца, додаде Бухова.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 768 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Романскиот премиер и четворица министри парично казнети бидејќи славеле роденден без маски

Редакција

Комерцијална банка не очекува драматично забрзување на економскиот раст

Редакција