Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски е позитивен на Ковид-19 вирусот, информираше тој на неговиот Фејсбук-профил..
„Во време на здравствена криза, чувствувам обврска, да ве известам, дека по добивањето на благи симптоми и по направениот тест за Ковид-19, резултатот од моето тестирање излезе позитивен.
Ве известувам дека, како општина, гарантирајќи ја здравствената сигурност на граѓаните, работните обврски, до завршување на периодот на лекување, ќе продолжам да ги извршувам од својот дом.
Ова е доказ дека вирусот никого не остава имун, затоа, упатувам апел до сите: чувајте се, почитувајте ги мерките за заштита и придонесете за доброто во заедницата, заштитувајќи го колективното здравје,“ напиша тој на неговиот Фејсбук-профил.
Фото: Фејсбук/Пекевски