еМагазин
Image default
Локално

„Руски рулет“ во Скопје: Во еден ден казнети 26 возачи кои управувале автомобил без дозвола

Во текот на вчерашниот ден, само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои 26 санкции за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР соопштија дека при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се и 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работник од Кочани се повредил и починал во фабрика во скопска Гази Баба

Редакција

Струмичанец тврди дека менувачница му задржала 65.000 франци

Редакција

Почна изградбата на висококатницата кај Мајчин дом: Аеродромци бараат оставка од градоначалникот

Редакција