еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Невработеноста во третиот квартал 16.5%

Во третиот квартал стапката на невработеност во земјава изнесува 16,5 отсто. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, таа бележи пад од 0,2 отсто во однос на претходниот квартал кога изнесувала 16,7 отсто.

Бројките покажуваат дека активното население во овој квартал изнесувало 941.136 лица, од кои вработени се 785.561 лице, а невработени 155.575 лица. Во претходниот квартал активното население броело 964.248, вработени биле 799.546 лица, а невработени 159.623 лица.

Меѓу невработените кај категоријата од 25 до 49 години стапката на невработеност е 16,1 отсто, додека кај оние од 50 до 64 години 12,6 отсто.

Меѓу невработените имаме околу 3.000 лица без образование.

Сектори каде имаме најголем број вработени во третиот квартал се преработувачката индустрија со 154.842 лица и трговијата на големо и мало 114.336 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Банките можат да овозможат втор период на одложена отплата на кредитните обврски

Редакција

Огревното дрво на ЈП „Национални шуми“ поскапе за 20%

Редакција

Милијарда денари од буџетот ќе бидат исплатени за К-15 на работниците, чиј што работодавач е Владата

Редакција