еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Огревното дрво на ЈП „Национални шуми“ поскапе за 20%

Огревното дрво на ЈП „Национални шуми“ се продава по 20 проценти повисока цена, откако стапи во сила одлуката на Управниот одбор на претпријатието од 21 јули годинава за која вчера е добиена согласност од Владата.

-Управниот одбор на ЈП Национални шуми на 21 јули донесе одлука за зголемување на цените на главните шумски производи и за таа одлука чекавме согласност од Владата и ја добивме на 31 август.

Национални шуми од вчера веќе ги продава своите производи со повисоки цени за 20 проценти од досегашните, изјави за МИА в.д. директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски.

Огревното дабово дрво, што најмногу ги интересира граѓаните, како што појасни, ако еден просторен метар досега беше 2.454 денари со ДДВ од вчера се продава за 3.000 денари со ДДВ, а буката е за 100 денари поевтина. Сите други производи, вклучувајќи ги и трупците за индустријата, Груевски рече дека се со 20 проценти повисоки цени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Предлог-место за посета по кризата со корона-вирусот: Етно-ресторан Куклица, Кратово

Редакција

Нови 913 случаи на Ковид-19 од 2.713 тестирања, најмногу во Скопје 459

Редакција

И државната ЕЛЕМ ќе треба да отпишува долгови за струја, Анѓушев вели дека нема да се трошат пари од Буџетот

Редакција