Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 29. ноември покажуваат дека температура, малаксаност и кашлица се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија.
„Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (69,3%), малаксаност (41,2%), кашлица (40,3%), главоболка (20,7%), болка во грло (15,6%), мускулна болка (15,9%), треска (13,5%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,9%) и отежнато дишење (10,2%)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
22% од заболените со Ковид-19 во Македонија без симптоми
14% од заболените со Ковид-19 во Македонија завршиле во болница
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.