еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Врнежите ќе престанат во вечерните часови, наместа се очекува да наврнат над 25 литри

Во текот на целиот ден ќе биде врнежливо. На повеќе места се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен, а во јужните и источните делови од државата и над 25 литри на метар квадратен.

На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Синоптичарите најавуваат и слаб до умерен, а во источните делови на места засилен југоисточен ветер кој доцна попладне ќе се намалува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ), врнежите ќе престанат во вечерните часови, а најдолго ќе се задржат на североистокот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од повредените во пожарот во Кочани имаат изгореници од трет степен на рацете

Редакција

Кои се симптомите на конго-кримска хеморагична треска од која е заболен вработен на Инфективна

Редакција

Лекот за цистична фиброза „трикафта“ пристигна на Клиниката за детски болести, терапија ќе примат седум возрасни пациенти и едно дете

Редакција