еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лекот за цистична фиброза „трикафта“ пристигна на Клиниката за детски болести, терапија ќе примат седум возрасни пациенти и едно дете

Лекот „трикафта“ за цистична фиброза пристигна во Универзитетската клиника за детски болести, соопшти денеска министерот за здравство Фатмир Меџети.

Во соработка со другите институции, како што појасни тој, решено е најгорливото прашање на оваа категорија пациенти.

– Очекуваме со оваа терапија значително да се подобри квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза, нагласи министерот.

Тој повтори дека пациентите се во фокусот на нивната заложба како Министерство за здравство.

Министерот појасни оти во соработка со премиерот Димитар Ковачевски се бара решение и за останатите засегнати со оваа дијагноза.

Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Фуштиќ рече дека лекот е пристигнат утрово и веќе се примаат пациенти кои треба да започнат со терапија.

– На Клиниката примаме шест пациенти, а два ќе се водат на Клиниката за пулмологија. Од осумте пациенти, два се во навистина критична состојба. Седум пациенти се над 18 години, а еден пациент е дете.

Добивме нешто пониска цена од предвидената, од онаа јавно објавена. Дадовме барање до Фондот за здравство, дополнително во рамките на истиот буџет, да бидат вклучени уште четири пациенти. Станува збор за годишна терапија, еднаш месечно ќе им даваме таблетарна терапија, појасни таа.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи во Собранието не ја откри содржината на одговорите на Македонија од пакетот 5+1

Редакција

Од 1. јуни летови од Скопје до грчкиот остров Крф

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Македонскиот модел Ивана Манас учествуваше на ревија на Долче и Габана во Милано

Редакција