еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Градоначалникот на Охрид, Пецаков тврди дека двапати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот Фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин.

Пецаков вели дека шест години, Oпштина Охрид и градоначалниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.

„За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.

„Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овај предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од две недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски,“ пишува Пецаков.

Тој уште најавува дека ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНЕСКО повторно со препорака да се преиспита изградбата на хотелот во Лагадин

Министерство за транспорт се огласи за хотелот во Лагадин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дека“ се парите: Бројчаникот никако да почне да врти

Редакција

(Видео) Како изгледаше акцијата на косовските специјалци што ги зовре односите меѓу Србија и Косово?

Редакција

МНР за кратенките со кои Македонија се обележува во НАТО: Тенденциозна шпекулација наменета за нарушување на угледот и на земјата и на Алијансата

Редакција