еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Како изгледаше акцијата на косовските специјалци што ги зовре односите меѓу Србија и Косово?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ нареди српската армија и полиција да бидат во состојба на полна борбена готовност откако утрово во 6:30 часот косовски полицајци упаднаа на северот на Косово, во општините населени претежно со Срби.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека денешната акција во северниот дел на земјата е „насочена кон поединци вклучени во криумчарење, организиран криминал и други кривични дела”.

„Неколку лица вклучени во овие дела се царински службеници, полицајци, но и обични граѓани. Акцијата се одвива успешно во општините на северот од Косово. Како премиер, потврдувам дека се работи за спроведување на закон и ништо друго. Ги повикувам Србите на северот да го сочуваат мирот и да го почитуваат законот“ изјави Харадинај.

Уапсени се неколку лица, што предизвика вознемиреност кај косовските Срби кои спонтано се собираат на плоштадот во Косовска Митровица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во акцијата на косовската полиција во северно Косово уапсени и службеници на УНМИК

Уапсен и еден Русин кој се преставувал како дипломат: Заврши операцијата на косовската полиција во северно Косово

Видео/Фото: Youtube/Most/Србија данас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отров општество: Ќе те смачкаат на улица како Цековска и убиецот ќе добие само три години затвор

Силвана Жежова

Акциите на „Комерцијална банка“, „Алкалоид“ и „Макпетрол“ најтргувани на Македонската берза

Редакција

Филипче излегува од изолација: И вториот тест за корона вирусот е негативен

Редакција