еМагазин
Image default
Бизнис

Нова инвестиција на „Таб Мак“во Пробиштип за производство на акумулатори

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев во рамки на дводневната посета на Словенија одржаа неколку средби со словенечки компании и оттаму најавија нова инвестиција на компанијата ТАБ МАК во висина од 25 милиони евра којашто ќе отвори над 90 нови работни места во Пробиштип и околината, информираат од Владата.

„Во рамки на нашата посета на пријателска Словенија имавме прилика да се видиме со неколку бизнисмени, дел од нив се веќе присутни во нашата земја. Господинот Липновик, директор на компанијата ТАБ МАК, ја сподели добрата вест со нас, дека е донесена одлука да направат нова инвестиција за фабриката за акумулатори во Пробиштип во вкупна вредност од 25 милиони евра која што ќе отвори нови од 70 до над 90 работни места“, изјави Заев.

Управителот на Таб Мак, Игор Липовник, истакнал дека станува збор за компанија која успешно функционира од 1965 година, а во 2012 ја презема фабриката „Злетово“, која во тој момент имала 168 вработени и вкупно околу 5 милиони годишен приход.

Тој истакнал дека се одлучиле на овој чекор, бидејќи во нашата земја нашле добри и квалитетни работници, а потенцирал дека односите со централната и локалната власт се на високо ниво.

„Досега инвестиравме околу 19 милиони евра, а приходот од 5 милиони евра се искачи на 66 милиони евра на годишно ниво. Препознавајќи ги можностите кои ги нудат мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, одлучивме да инвестираме минимално 15 милиони евра, а може да потврдиме дека ќе бидат 25 милиони евра, со повеќе од 100 нови работни места, со што очекуваме годишниот приход да го искачиме над 100 милиони евра.

Тоа значи дека производството од 1,2 милиони акумулатори, кои се вградуваат во Volkswagen, Citroen и Renault, сега ќе се искачи на над 3 милиони произведени акумулатори. Воедно очекуваме производството на батерии за вилушкари, од 350 илјади парчиња, да се искачи на над 1 милион произведени парчиња“, изјавил Липовник.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од „Бетон Штип“ за 8,1 милиони денари

Редакција

„Алкалоид“ откупи сопствени акции за 1,2 милиони евра

Редакција

ЕЛЕМ распиша нов тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола тежок 4,7 милиони евра

Редакција