еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Следи ново вето за Македонија, ЕУ била „фрустрирана“ поради бугарската блокада која ја кочи и Албанија

Висок дипломатски извор на Европската Унија (ЕУ), кој ги брифираше дописниците во Брисел утрово, порача дека бугарската блокада поради билатерален спор со Северна Македонија ја фрустрира цела ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

И покрај сите дипломатски обиди, Бугарија не попушта за непринципиелното вето што и го поставува на Северна Македонија за билатерални спорови, поради што целата дискусија за проширувањето на ЕУ кон западен Балкан е отстранета од дневниот ред на министрите за европски работи утре во Брисел.

Ова ја вклучува и Албанија која се надеваше на некаков напредок во однос на својата преговарачка рамка со ЕУ.

-Германското претседателство е фрустрирано што не беше возможно да се постигне прогрес за преговарачката рамка со Северна Македонија, направивме сѐ што можевме вклучително и олеснување на компромис помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

Не сме задоволни што Бугарија ги блокира пристапните преговори поради билатерални прашања со Северна Македонија, поради ова земјите членки сметаат дека не може да се напредува ниту со Албанија, изјави висок дипломатски извор на ЕУ пред утрешниот министерски состанок.

Според дипломатите „нема светло на крајот од тунелот“ во однос на деблокирањето на преговорите со Северна Македонија, бидејќи Бугарија не попушта за билатералниот спор, со што се создаде целосна блокада во Советот во однос на проширувањето.

Дипломатите во ЕУ не очекуваат напредок до крајот на германското претседателство, а лидерите на ЕУ в четврток и петок во Брисел „нема да имаат време да се занимаваат со проширувањето“, бидејќи агендата е „веќе преполна“.

До крајот на оваа година ЕУ треба да изнајде решение за трговското партнерство помеѓу ЕУ и Обединетото Кралство, преговори кои се засега блокирани. А блокада има и во делот на преговорите за буџетот на ЕУ и фондот за закрепнување поради Унгарија која не прифаќа механизам за надзор на владеењето на правото.

Проширувањето можеше да биде „успехот“ на германското претседателство во оваа кризна година за ЕУ, но поради Бугарија, Берлин најверојатно ниту ова нема да може да го приложи како постигнување, коментираат дипломатите во Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските медиуми да не преведуваат од македонски јазик, оти тој е регионална форма на бугарскиот, бара партијата на Каракачанов

Бугарскиот европратеник Ковачев: Малку е веројатно Софија до утре да го промени својот став за ветото

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Годишен надоместок од 20 илјади евра за претседателот на НО на Стопанска банка Скопје

Редакција

Проф. Трајковски: Kон крајот на јануари и почетокот на февруари кај нас ќе видиме огромни броеви на новозаразени со омикрон сојот

Редакција

Договорот од Преспа е фантастичен пример како се решават спорови, порачаа Хан и Могерини на „Преспа форумот за дијалог“

Редакција